...Ме потсеќаат на вечер, ноќ, и се единствени сведоци на она што вистински се случило таа вечер. Кријат тајни, прават болки.
Способни да разбудат еден цел град, да ги растреперат улиците, да се слушнат, да остават некој без сон.
Ме носеле секаде каде што сум посакувала, места кои само тие ги памтат.
Покрај тоа што биле агресивно соблекувани, одделени од ногата поради страст, болка, тие секогаш го знаат патот за назад, и никогаш ама баш никогаш не ги раскажуваат своите приказни и тајни средби со градските сокачиња и скали.
Нивниот звук го означува почетокот на една ноќ, една љубов, една средба, еден танц…
Моите штикли се спремни да одекнат низ улиците...