Skopje, Macedonia, Republic of
Здружението за независна култура КОПРИВА КОЛЕКТИВ – Скопје е антиавторитарна, отворена и јавна организација за поврзување и заедничко делување во областа на културата и уметноста како медиуми преку кои се залага за општество на слободни и рамноправни индивидуи, социјална правда, родова рамноправност, укинување на информацискиот монопол и слободен проток на информации, како и економски ефикасно општество кое ќе живее и ќе се развива во склад со планетата Земја.
Здружението обединува луѓе кои се против сите авторитарни форми на владеење и нивните системи за експлоатација и строго се противи на сите форми на дискриминација врз основа на пол, раса, возраст, национална, верска и класна припадност.
Здружението ќе се залага за партиципативно и антиавторитарно општество, поради што и ќе ги применува принципите на антиавторитарност и партиципативност во делувањето и сопствената структура.