Chart positions
This show was 36th in the global interview chart.
Во петата епизода на „Skills that pay the bills“ зборуваме за грешките што може да им се случат и на успешните. Своите приказни ни ги споделија: Mерсиха Смаиловиќ, основач на консалтинг компанија за правно-економски услуги, која има своја организација што им помага на луѓе чии човекови права се повредени; Викторија Шотароска, чија компанија е наградена за најдобра во категоријата „грижа за клиенти“ и била рангирана меѓу 10-те најдобри менаџерки во Македонија; Нина Костовска, позната по видеото „Како ќе реагирате ако ве служи фармацевтски техничар со Даунов синдром?“, кое беше дел од кампањата на УНИЦЕФ и Коста Петров, основач на креативната агенција P World, која работи со компании од 40 земји на организирање бизнис настани и нуди услуги за односи со јавноста на компании кои се соочуваат со криза.
Дел од изјавите во подкастот се снимени на петтото издание на iFail, настан кој има за цел да покаже дека и најуспешните можат да згрешат, во организација на Global Shapers Skopje.
Comments