Keep up to date with every new upload!

Join free & follow phmk
Share
Патот на Животот - Осма Емисија  - ЗА ДУХОВНОТО И СВЕТОВНОТО

Патот на Животот - Осма Емисија - ЗА ДУХОВНОТО И СВЕТОВНОТО

Патот на Животот

Патот на Животот, емисија за поттикнување, поучување, насочување, за размислување и духовно освестување.

Православното христијанство, односно, Христовата порака и вистина со својата вечна современост, важност и употреблива вредност беше проверувана низ вековите и истата донесе благословени спасоносни плодови во животите на милијарди луѓе.

Целта на оваа емисија е да посведочиме за Патот на Животот или за начинот, процесот, како се доаѓа до вистинскиот духовен плод, а тоа е состојбата на светост, вечност и духовна ослободеност.

Автори и водители се вашите пријатели Душко Кралевски и презвитер Ивица Тодоров.

Се слушаме секоја Недела од 17 до 18 часот на брановите на радио „Слободна Македонија“.

Нашето заедничко чекорење по Патот на Животот во дух на радост, исполнетост, освестеност и осовестеност со слушателите на оваа емисија е остварување на благословот на Творецот кој сите не повикува кон живот, и тоа живот во полнота.

Comments