www.theatra.mkTheatra ви претставува нов драмски импулс. Секоја недела во 22 часот, на Радио МОФ, е термин кој го посветивме на радио драмата. Со намера да се драматизираат смели и свежи текстови нашиот театар ги носи до сите вас. Театарот излегува од своите рамки. Сцената е сега предмет на вашата имагинација. Преку своите звучни изданија, Theatra ве води низ еден лиричен и интуитивен циклус на драмски продукции.
Секаде театар!
Премиера на „Пеперутка“, радио драма (vol.2)
Автор на текст: Сашо Димоски Читаат: Васил Зафирчев и Марија Зафирова Pежија на звучна слика: Тања Рибарска